Вести Македонија

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

На барање на правните субјекти заради заштита и превенција од КОВИД-19, Централниот регистар донесе одлука за продолжување од 10 дена на рокот и за хартиено и за електронско поднесување на годишните сметки.

Како што информираат од Централниот регистар, крајниот рок во хартиена форма ќе биде до 10 март годинава, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25 март до 24 часот.

-Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот, како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95 отсто годишни сметки, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму појаснуваат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе