Вести Македонија

Костадинов: Промовирањето на реализирани капитални проекти во првите 100 дена, не може да биде ништи друго освен помпа

Градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ Перо Костадинов, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека лаже за наводни остварени проекти во општините каде што партијата има свои градоначалници. Костадинов тврди дека 100 дена се прекратко време за да се реализираат проекти.

Објаснете ми кои 33 градинки ги направивте во државата за само 100 дена. Во моментов во Валандово се асфалтираат улици за кои постапката е почната 2-3 месеци пред локалните избори. Има големи процедури, ставање во програмите кај советите, па тендерирање, претходно, да не заборавам и изработката на проектна документација, а не пак изградба на капитални проекти, што вие ги промовирате за реализирани, порача Костадинов.

Потпретседателот на СДСМ исто така ја обвини опозициската партија дека напразно зборува за некаков консензус, додека во практика блокира секакво решение, ако почуствува дека тоа би ѝ донело политички поени на власта.

Не треба едно да зборуваме пред јавноста, а друго да правиме со нашите реални постапки, но Законот со кој се овозможува трансформација на работниот однос на наставниците, на професорите е блокиран. ВМРО-ДПМНЕ блокира закони за кои чувствува дека носат придобивки за граѓаните, така беше и со пакетите помош за граѓаните во време на пандемијата од коронвирусот. Затоа не треба кај нас заложбите за дијалог и за соработка да бидат декларативни и за политички поени. Ние сме на овие функции за да испорачуваме директни резултати кон граѓаните и тоа што на граѓаните им е потребно. Ние мораме пред се граѓанството да го ослободиме од дневното политиканство, посочи Костадинов.

Костадинов тврди дека владата на СДСМ, како никоја претходна влада, им помага на локалните власти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе