Вести Македонија Топ вести

МЕПСО без информација дали заштитниот систем реагирал навремено во неделата кога без струја од остана речиси половина земја

Во МЕПСО сеуште се читаат податоците од мрежата непосредно пред да се случи испадот во неделата кој го остави речиси цело Скопје, Свети Николе, Велес и делови од Штип во мрак. Нема информација дали заштитниот систем реагирал навремено и кој заштита се уклучила, автоматската или пак собирната. Официјално причина за испадот беше прегорен изолатор на столб од далноводот кој почнал да искри и го предизвикал пожарот во близина на трафостаницата во населбата Пинтија.

Работната група во МЕПСО денеска без официјален извештај за дефектот кој го понеделникот го остави речиси цело Скопје, Велес, Свети Николе и деови од Штип во мрак. Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезни за Телма соопшти дека се работи интензивно но не може да каже кога  ќе бидат соопштени прелиминарните заклучоци.

Тие треба детално да ги проверат сите податоци и записи кои компјутерски се бележат во системот како и дигиталните податоци во системот за заштита.

Засега останува прашањето дали заштитата во 400 киловолтната трафостаница „Скопје 4“ се активирала навремено и дали можело да се спречи отшететувањето на двата столба од далноводите кај Пинтија и Бунарџик.

Според информациите на Телма, поставениот автоматски систем за заштита во трафостаницата „Скопје 4“ е програмиран времето од детекцијата на проблемот до командата за исклучување на  далноводот од мрежа да не е подолго од половина секунда или 500 милисекунди.

Сепак остануваат отворенидве прашања, дали реагирала автоматската заштита или пак собирната заштита во трафостаница „Скопје 4“ што ќе даде јасна слика за функционалноста на системот за заштита и дали има пропусти во реконструкцијата на 400 киловантана трафостаница во Пинтија која чинеше околу 6 милиони евра и зошто кусо време подоцна дојде до оштетување на далноводот кај Бунарџик.

МЕПСО вчера соопшти дека испадот се случил окткако откажал излоаторот на далноводот кај трафостаницата во Пинтија, почнал да искри, најверојатно поради влагата во воздухот и искрите ја запалиле тревата под столбот.

Делови од Скопјеи Штип, Велес и Свети Никола потонаа во мрак завчера околу 17.30 часот а снабдувањето беше нормализирано речиси еден час подоцна. Тимови на МЕПСО го остранија дефектот на далноводот кај Бунарџик нешто по 3 часот наутро кога се врати напојувањето во Бунарџик и индустирската зона.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе