Вести Македонија Топ вести

-Не се чувствувам виновна, велешанката Пале Илоска пред судот кој и суди за „убиство во миг“ иако девојката се борела за живот со насилниот партнер-полицаец

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг”. Илоска пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

На 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовск, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови.

Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото. силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.

Од Велес, известува Петар Догов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе