Вести Ковид19 Наука и здравје Свет

Профит од вакцини пред луѓето од сиромашните земји, Амнести интернешнл ги обвинува производителите на вакцини за трагично потфрлање

Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на предизвикот од глобалната здравствена криза предизвикана од Ковид-19 и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините против коронавирус, соопшти денеска Амнести интернешнел.

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнал (АИ) ги обвинува производителите на вакцини за алчност за профит и повикува на многу побрза вакцинација на светската популација.

Според Амнести, фармацевтските компании кои ги продаваат вакцините против Ковид-19 ја монополизирале технологијата, лобирале против споделувањето на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени за вакцините и им даваа приоритет на набавките на богатите земји во 2021 година.

Вкупно десет милијарди дози на вакцина произведени минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни целта за вакцинација на 40 проценти, што ја постави Светската здравствена организација (СЗО) за до крајот на минатата година.

Само 4% од оние што живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година.

– Повеќе од 1,2 милијарди луѓе во земјите со ниски приходи можеа да бидат вакцинирани до крајот на 2021 година доколку богатите земји и производителите на вакцини ги сфатеа сериозно своите обврски и одговорности за човековите права, изјави Рајат Косла, висок директор на Амнести интернешнел задолжен за истражување, лобирање и политика.

Претходно овој месец, СЗО објави дека се потребни уште 16 милијарди долари за да им се помогне на сиромашните земји во борбата против пандемијата.

Тоа е износот што недостасува во планираните средства за снабдување на тие земји со вакцини, тестови и лекови преку програмата што ја започнаа Обединетите нации, соопшти СЗО.

Вкупно 10 милијарди дози на вакцина произведени минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни целта за вакцинација на 40 проценти, што ја постави Светската здравствена организација (СЗО) за до крајот на 2021-ва година.

На 5 локации низ Скопје почна скрининг тестирањето на корона

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе