Стотина македонски државјани во моментов се наоѓаат во Украина и шефот на дипломатијата Османи ги повика да се вратат во земјата. Меѓу нив и двајца диломати од македонската амбасада и нивните семејства, наши претставници во мисијата на ОБСЕ во Украина како набљудувачи, но и 40 македонски државјани кои живеат таму и членови на нивните семејства.
Министерството за надворшени работи ги лоцирало нашите државјани таму и има неколку безбедносни сценарија при евентуална ескалација на состојбата во Украина. Од сценарио на руска инвазија или изолиран конфликт, па се до директна војна. Во делот на економските последици за Македонија, допрва ќе се прават проценки.