Вести Македонија Топ вести

Студентска 5-ка доби дебатата во Собранието за последните шест месеци

Собранието падна на испитот за квалитетот на дебатата во последните шест месеци од минатата година. Истражувањето на Институт за демократија покажа многу ниско ниво во дискусиите, пониско и од првите шест месеци од истата година.

Поактивни биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 62 отсто од дискусиите, додека пратениците од власта учествувале во 38 отсто. Најчесто за збор се јавувале пратениците Бојан Стојаноски и Панчо Минов. Меѓу најактивните 10 пратеници, пет се пратенички: Гордана Сиљјановска Давкова, Жаклина Лазаревска, Марија Георгиевска, Лидија Петкоска и Бети Стаменкоска Трајкоска.

Во 52 отсто од дискусиите, пратениците немале аргументи и повеќе се осврнувале кон личноста на соговорниците, отколку кон законите. Новина е што, е забележана промена на став кај 9 пратеници поради подобри аргументи на колегите од другите партии. Аналитичарите забележуваат дека ова е позитивен отскок, со оглед на тоа што во досегашните извештаи вакво нешто било вистинска реткост.

Во овој период е одржана само една седница на пратенички прашања, од шест кои се предвидени во собранискиот деловник, а остануваат и старите проблеми.

Од Институтот препорачуваат овие постапки да се користат внимателно и минимално, а да се зголеми информираноста и знаењата на пратениците за темите кои се предмет на дискусија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе