Вести Македонија

Пратениците сложни за пари, противници за суштински закони

И со апанажата се претера. Недозволиво е по престанувањето на функцијата пратениците да црпат уште една година буџетски пари и да користат голем број привилегиии, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски.Како неморален чин го оцени однесувањето на народните избраници кои вчера не дозволија да  се донесат измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери со кои се предлагаше да се укине правото на апанажа.  Се отвора прашањето, дали има елементи на коруптивно дело со оглед на тоа што се земаат пари по два основа, апанажа и финансирање на политички партии?

Париите се махери за извртување на законите,  демократијата повеќе наликува на фолклор, а на лицемерието му нема крај.

Законот за плата им дозволува на пратениците и високите функционери  по завршувањето на мандатот да имаат право во рок од 30 дена  да побараат апанажа за една година. Додека ја добиваат, тие немаат право на други лични примања и надоместоци. Од последниот владин состав апанажи побараа Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Никола Димитров. Се откажаа поранешниот премиер Зоран Заев како и министрите Венко Филипче , Јагода Шахпаска и Ирена Стефоска.

 

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе