Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67.место на ФИФА ранг-листата и за месец февруари. Нашиот национален тим нема одиграно натпревар уште од завршувањето на мундијалските квалификации во ноември минатата година.
Нашиот национален тим има 1.367,23 бодови и се наоѓа зад Словенија, Албанија и Конго. На врвот на ранкингот се наоѓа Белгија пред Бразил и Франција, а потоа следуваат Аргентина и Англија. Нашиот следен ривал во баражот за Светското првенство во Катар, Италија е на шестото место во светот, пред Шпанија и Португалија, додека најдобрите десет ги комплетираат Данска и Холандија.
