Продолжува очајната сезона за Лос Анџелес лејкерс. Ѕвездениот тим утринава загуби од ослабениот Портланд со 107-105.
Со оглед дека трејдуваа многу играчи, Блејзерс беа сериозно десеткувани, па Енферни Симонс беше најдобар со 19 поени и 12 скока, дока Јусуф Нуркиќ постигна 19 поени со 12 скока. Леброн Џејмс со 30 поени беше најдобар кај Лејкерс, додека Расел Вестбрук не играше поради повреда на грбот.
Заврши серијата од девет победи по ред на Голден Стејт, откако загуби на гостувањето кај Јута со 111-85. Бојан Богдановиќ со 23 поени и Донавам Мичел со 14 поени и 10 скока го предводеа Џез, додека кај Вориорс најмногу се истакнаа Џордан Пул со 18 и Стеф Кари со 16 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд – Сан Антонио 105-92
Шарлот – Чикаго 109-121
Оклахома – Торонто 98-117
Сакраменто – Минесота 132-119