Вести Македонија Топ вести

Декларацијата за Делчев не е на дневен ред

Ликот на Гоце Делчев се појави на маиците на дел од пратениците, но Предлог-Декларацијата за него не стана дел од дневниот ред на Комисијата за надворешна политика. Тоа го побара пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, но владеачките партии одбија да расправаат за овој предлог.

На Комисијата за надворешна политика пратениците од ВМРО ДПМНЕ предложија да се разгледува Декларацијата за великанот Гоце Делчев, но за жал присутните колеги од СДСМ и ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа. Ќе ги почекаме, има време до Илинден!, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Игрите и подметнувањата на ВМРО ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев, возврати СДСМ и најави дека нема да учествува во таков дневно-политички театар.

Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација. Подметнувањата на ВМРО ДПМНЕ очигледно имаат цел да отворат поделби меѓу македонскиот народ. Нема да дозволиме да се понижува делото на Делчев ниту да држат лекции оние кои го срамат неговиот лик и ги величат Ќосето, Михајлов, Александров.., реагираат од СДСМ.

Комисијата за надворешна политика е една од осумте комисии со кои раководи ВМРО ДПМНЕ, исто колку што има и СДСМ. Бројот на претседатели и мнозинството во комисиите е предмет на меѓупартиски договор од моментот на конституирање на Собранието. Заминувањето на БЕСА во опозиција и доаѓањето на Алтернатива на власт, „ги измеша лончињата“.

Власта изгуби мнозинство во седум од вкупно 22 комисии, вклучувајќи ја Комисијата за избори и именувања. Опозицијата го изгуби претседателското место во Труд и социјала, каде претседателот е од Алтернатива. Во последните два месеци, спикерот Талат Џафери го отварал ова прашање на секоја координативна средба во последните два месеци, барајќи да се почитува коефициентот за учество на партиите во работните тела.

Откако претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска побара од него да се заложи за избор на четворица нови судии, Џафери јавно призна дека тоа не е можно поради опструкции во комисијата. Од ВМРО ДПМНЕ го повикуваат да закаже седница согласно деловничките можности, а од СДСМ се надеваат дека деновиве ќе има разрешница. Оптимизмот потекнува од воспоставениот меѓупартиски дијалог за составот на комисиите.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе