Вести Македонија

Десет пакети со злато сокриено помеѓу двете седишта било запленето на граничниот премин Блаце

На граничниот премин Блаце вчера во патничко моторно возило пријавено за излез од државата мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречиле обид за криумчарење на пет килограми златен накит.

– На 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин. При вршење на детална контрола, од страна на мобилните тимови, биле забележани неправилности во пределот помеѓу двете предни седишта, односно шуплината над ауспухот била затворена. Во внатрешноста на возилото, во пределот помеѓу двете предни седишта, пронајден бил отворот на специјално изработениот бункер, во кој се наоѓале 10 пакети со златен накит во вредност од 9.604.430 денари и вкупна тежина од 5097,59 грама, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Како што посочуваат од Царинската управа, златниот накит и патничкото моторно возило се привремено одземени, а пријавеното лице заедно со целокупната документација е предадено на Одделението за истраги во Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе