Во киното Фросина при Младинскиот културен центар, во сабота во 20 часот ќе се одржи авторскиот перформанс „СРАМ“ на актерката Ангела Стојановска.
Перформансот е развиван како дел од платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско – Испробување феминистрички иднини“.
- Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе“, вели актерката Стојановска за оваа изведба.
Креативни соработници на проектот се : Милош Б. Андоновски- режисер, Ева Камчевска- драматург, Викторија Илиоска- изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска- режисерка.
Извршна продуцентка е Емилија Чочкова, костимограф е Раде Василев, сценограф е Мартин Манев, промотивниот материјал е на Матеја Николиќ, а фотографијaта за промо материјалот е на AniDimi. Бојан Ковски беше задолжен за сликите на телото.