Македонија

Полицаец го гризнал за прст својот командирот во Пехчево на предновогодишна забава

Полицаец од Пехчево по вербална расправија за време на предновогодишна забава го гризнал за прст својот командир. Инцидентот се случил на 25 декември лани во ресторанот Бастион во селото Ратево, за време на предновогодишната прослава организирана од страна на 35 полицајци во полициската станица Пехчево.

Повреедениот командир потоа, на 8 јануари, официјално побарал од внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, повел кривична постапка пред Основниот суд во Берово  а во посебна граѓанска тужба побарал и оштета за претрпената повреда.

Според дел од медиумите, ОВР Берово се обидело да го заташка случајот бидејќи не бил направен никаков записник за инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе