Вести Македонија

Дон Холдинг со демант до ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата за тендерите во МВР

Друштвото за посредување, трговија и услуги ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје категорично ги демантира обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со кои обвинува дека „Дон Холдинг“ како фирма со дејност за товарен транспорт добила два тендери вредни милион евра од МВР.

Станува збор за јавни набавки за „Одржување на санитарна опрема, водоводна и канализациона мрежа“ од октомври 2021 г. и „Набавка на панели за соларна енергија“ од јануари 2022 година, при што „Дон Холдинг“ се јави како најповолен понудувач во двата случаи, и тоа за близу 26.000 евра поповолна понуда во првиот случај и близу 136.000 евра поповолна во вториот.

Ги отфрламе и исказите како целосно неточни и невистинити дека се работи за мала фирма за товарен транспорт која треба да постави соларни панели несоодветно на дејноста и воедно ја информираме јавноста дека „Дон Холдинг“ покрај дејност за „Товарен патен транспорт“, има регистрирано и своја подружница бр. 1 повеќе од 5 години наназад со дополнителна дејност „Други градежно-инсталатерски работи“, како и дека ги поседува сите неопходни лиценци за градба и дозволи за работа кои се предмет на спорните јавни набавки.

„Сакам да потенцирам дека и во двата случаи критериуми за доделување на договорите беше најниската цена на понудувачот, но и дека се работи за јавни документи кои секој може да ги провери на веб–страницата на Бирото за јавни набавки. Сакаме да потсетиме дека и во двете постапки се бараа минимални услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки, но и без разлика на тоа, ние како компанија имаме добро изграден кредибилитет, искуство, знаење и експертиза, што се докажува не само со нашата долгогодишна традиција во овие дејности, туку и преку стотиците останати изведби, проекти и услуги кои успешно ги реализираме за огромен број субјекти“, изјави Слободан Настовски, сопственик на „Дон Холдинг“.

„Остро ги отфрламе овие обвинувања и бараме како компанија да не бидеме предмет на вакви политички препукувања и да бидеме целосно изземени од било каква комуникација за добивање политички поени, која е на директна штета на нашата репутација и углед“, додаде тој.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на неколку прес конференции обвини дека Спасовски и МВР ги местеле тендерите за да ги добие посочената фирма ДОН Холдинг иако во ЦР постојат записи дека фирмата е со примарна дејност транспорт. Опозицијата ги оцени овие добиени тендери за сомнителни бидејќи преку истата компанија, општина Ѓорче Петров во време на претходниот градоначалник добила тендер за машини за перење во вредност од над 25 илјади евра по парче.

ДОН Холдинг во демантот ги испрати и документите за лиценци за дејност кои се оспоруваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе