Македонија Топ вести

Нема пари на својата, ама уплаќа на партиска сметка- Антикорупциска детектира низа злоупотреби во изборниот процес и бара нов Изборен законик

Извештајот на Антикорупциската комисија за финансирањето на политичките партии ќе биде доставен утре во Собранието. Над 8 милиони евра пари од буџетот легнале на сметките на партиите за локалните избори. Законите се основниот генератор за незаконско постапување и корупција.

Нотирани се голем број неправилности. Партиите се нетранспарентни во делот на финансиите, забележани се донации од лица кои немаат можност да уплатат толкави суми на пари што го потврдиле и од Управата за финансиско разузнавање. Утврден е и можен поткуп, клиентелизам и купување гласови без да се одговара за тоа.

За изборниот период се формирани 54 предмети. Најголемиот дел се однесуваат на предизборни вработувања, злоупотреба на буџетски средства, поткуп, предвремени кампањи, градежни активности.

Антикорупциска реагира на начинот на кој се менуваше Изборниот законик. Најмногу промени, дури 14 пати, се направени во делот на финансирањето и рекламирањето, а ниту еднаш не е одржана јавна расправа за понудените решенија. Токму поради тоа се бара да се донесе целосно нов Изборен законик со кој ќе се избегнат сите идни можни злоупотреби.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе