Вести Македонија

Реакција на СДСМ на ставовите на Христијан Мицкоски за минималната плата

Мицкоски, Славевски, Данела, ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците и минималната плата – велат од СДСМ.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците имаа едвај 8.9000 денари минимална плата.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците. Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.

Денес Мицкоски лицемерно кажува дека ја поддржуваат минималната плата. Додека неговите економисти јавно се противат на покачувањето на минималната плата. Трајко Славевски и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години ги спречи сите закони кои беа во интерес на покачување на приходите на граѓаните. Ги спречуваше растот на платите на лекарите и финансиската поддршка во време на криза.

СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за само 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е партија која ги штити работниците, но и ги поддржува и компаниите, се вели во реакцијата на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе