Министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши биле во службената шкода (сопственост на СОЗР на владата) која учествуваше во сообраќајната незгода на три возила пред владата на Илинденска.
Во сообраќајката две лица се полесно повредени. Повредени се возачот на Бесими и уште едно лице кое се наоѓало во државната шкода.
Бесими на својот фејсбук профил потврди дека се наоѓал во еден од автомобилите кои беа судрени на Илинденска.
-Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, објави министерот Бесими на ФБ профилот.
Од МВР засега испитуваат кој е одговорен за незгодата:
-На 07.02.2022 околу 19:15 час на крстосница од бул.Св.Климент Охридски и бул.Илинден се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода, управувана од Ј.Б. (38) од Скопје, ПМВ Киа, управувано од А.Т. (36) од Скопје и ПМВ Фиат, управувано од Д.П. (45) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се задобиле возачот Ј.Б. и сопатникот од истото возило Б.Љ. кои се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.Ова е првично. Официјална информација ќе има по завршување на увидот.

Попладнево се случи сообраќајна несреќа на Илинденска ББ, пред Влада. Според фотографиите испратени од екипата на Телма, станува збор за верижен судар на неколку возила. Повредени нема, но повикана била и Брза Помош. Првите неофицијални информации се дека еден од учесниците во сударот бил и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е во владата и… Продолжи со читање













