Марк Овермарс повеќе не е спортски директор на Ајакс. Легендарниот холандски репрезентативец го напушти клубот поради непрофесионално однесување.
Тој им испраќал непримерни пораки на своите колешки. По средбата со извршниот директор и поранешен соиграч, Едвин ван дер Сар одлучено е Овермарс да ја напушти позицијата по итна постапка.
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона се извини за своето однесување и напомена дека се чувствува засрамено.
„За некој на мојата позиција неприфатливо е вакво однесување, го разбирам тоа сега, но предоцна е. Не гледам друга опција освен да го напуштам Ајакс“, рече Овермарс.
Тој ја извршуваше функцијата од 2012 година, а пред извесно време дури потпиша и продолжување на договорот до јуни 2026 година.
