Кошарка Спорт

МЗТ во драматична завршница загуби од Сутјеска

Заврши победничката серија на МЗТ Скопје од пет натпревари во АБА2-лигата, откако денеска  загуби минимално од Сутјеска со 56-55 во рамки на 8.коло на турнирот во Бања Лука. Нашиот шампион пропушти триумф во самиот финиш од натпреварот.

Во крајно неефикасен и неатрактивен натпревар, МЗТ Скопје го загуби дуелот во последните 30 секунди. „Металците“ имаа водство од 55-51, но направија серија грешки, промашија слободни фрлања, а тоа го искористи ривалот за да направи серија од 0-5 и да триумфира благодарение на Јован Војновиќ.

Нашиот состав не блескаше во ниту еден момент од натпреварот, но на крајот можеше да се радува, ако беше фокусиран во завршните моменти. Очигледно е дека момците на тренерот Дарко Радуловиќ не се на нивото од првиот дел од сезоната.

Немања Милошевиќ со 15 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека 11 поени имаше Адем Мекиќ. Владимир Томашевиќ и Богдан Бојиќ со по 12 поени најмногу се истакнаа кај Сутјеска.

Нашиот состав останува на второто место на табелата 6 победи и два порази, додека Сутјеска е на пет победи и три порази. За два дена МЗТ ќе ги одмери силите со Подгорица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Победа против Литванија за пласман на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе