Македонија

Разрешен директорот на ОУ Лазо Ангеловски

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска доби нов в.д. директор откако на претходниот Перо Арсеновски му истече мандатот. Изборот на градоначалникот Тимчо Муцунски е Магдалена Петреска која во училиштерто работи повеќе од 15 години.

Арсеновски уште во ноември минатата година распиша конкурс за директор на училиштето, на кој самиот се пријави, а училишниот одбор одлучи во негова корист и ги елеиминираше останатите двајца кандидати. Но, градоначалникот Муцунски одби да го именува, тврдејќи дека поради низата скандали Арсеновски не е соодветен избор.

Арсеновски има скандалозно досие со напади и вознемирување на вработени и мајки на ученици за кои има и судски пресуди кои по истекот на законскиот временски рок ги има избришано од неговото досие, но сепак фигурираат во судската евиденција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе