Уметничката акција „Допри ме“, што денеска ја спроведува Центар за современи уметности во центарот на Скопје, ја посветија на малечката Ембла, чие што отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не потсети на нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно.
„Овој случај мора да не потсети и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации, но не на очиглед на јавноста.“ – велат од Центарот за современи уметности.
Акцијата „Допри ме“ја спроведpa неколкуммина активисти во центарот на Скопје, кои на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“.
„Се надеваме дека на тој начин оствариуваме директен контакт со граѓаните и ќе ја сензибилизираме јавноста за овој проблем, барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.“ – велат од Центарот за современи уметности.
На денешната акциија која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа од околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите.
По Скопје деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија.