Временска прогноза

Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините снег – Временска прогноза за 7.2.2022

Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со претежно облачно, а попладне врнежливо време. На пониските места  врнежите ќе бидат од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни  врнежи се очекуваат во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува во должина на Повардарието. Утринската температура на повеќе места ќе биде околу 0°C, а дневната ќе се движи во интервал од 4 до 12°C

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 7 часот изутрина (во см)

40 Маврови Анови, 30 Попова Шапка, 22 Крушево, 21 Пожаране, 15 Ѓуриште, 2 Берово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (измерени во 7 часот денеска)

-4 Берово, Попова Шапка, -2 Струмица, -1 Скопје-Петровец, Штип, Маврови Анови, 0 Тетово, Битола, Виница, Kрушево, 1 Крива Паланка, Прилеп, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 3 Охрид, 6 Дојран, 7 Гевгелија

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Сончево и топло, со постепен пораст кај температурата – Временска прогноза за 1.7.2025

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе