Вести Македонија Топ вести

Мора да има одговорност за случајот со девојчето Амбла, реагираат невладините

Конечно треба да биде јасно чија е одговорноста и соодветно на тоа да се реагира. Хелсиншкиот комитет бара да биде разрешен директорот на училиштето, затоа што со неказнивост вакви ситуации ќе се  повторуваат и во иднина, смета Пировска.

Се уште мислам дека никој не одговарал за тоа што им се случува на тие деца, дека никој не одговарал за тоа што му се случува на семејството во целина. Нашиот впечаток е дека семејствата кои имаат член со одредена попреченост, психичка или физичка , всушност ја преживуваат целата траума заеднички токму поради тоа шетање низ институциите, токму поради тој несоодветен однос од средината – изјави извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Застрашувачки е фактот дека и покрај тоа што инклузивноста се подразбира, се уште има случаи кои се потврда за стереотипи присутни кај самите родители, кои потоа се пренесуваат и на децата.

За инклузија е потребна подготвеност на општеството за емпатија која се создава уште во најрана возраст, во семејството, во градинките и низ целиот образовен систем .

Општеството и системот во овој момент го направиле своето односно доделен е образовен асистент  и истиот има континуирана поддршка од страна на ресурсниот центар во поглед на сето она што треба да се обезбеди за ученикот поддршка согласно целите поставени според функционална проценка. Меѓутоа овде се соочуваме со ниска сензибилизација на општеството каде Амбла живее – вели директорката на ПОУ “Златан Сремец”, Марија Делетиќ.

 

Дури ни се случувало да ни се јавуваат родители и да бараат Хелсиншкиот комитет да побара тоа одредено дете да не посетува настава со нивните деца, заради тоа што било хиперактивно или имало одредена форма на аутизам , што секако било отфрлано од наша страна и на родителите им било објаснето дека ние се бориме за инклузија, додава Пировска.

Случајот со Амбла ја шокираше јавноста, затоа што на девојчето со Даунов синдром и беше оневозможено да учи со другите деца.

На првиот час во второто полугодие таа беше сама во училницата затоа што родителите на нејзините соученици потпишале петиција дека девојчето наводно било агресивно и пречело во текот на наставата.

Веднаш реагираа повеќе институции меѓу кои Хелснишкиот комитет, Народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во насока на изнаоѓање решение.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе