Вести Македонија

Ковачевски најави промени во раководството на СДСМ

Промени во раководството на СДСМ ќе има, но сепак ќе останат и дел од актуелните функционери, изјави вечерва новиот партиски лидер Димитар Ковачевски.

  • Согласно со процедурите ќе имаме седница Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави Ковачевски за ТВ24 по примопредавањето на функцијата претседател на СДСМ од досегашниот лидер Зоран Заев во седиштето на партијата.

Ковачевски не откри детали кој ќе замине, а кој ќе остане.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе