Вести Македонија

Реконструкција на кров уништи цело училиште во Кочани

Реконструкција на кров среде декември го затвори средното електро-машинско училиште „Ѓошо Викинтиев“ во Кочани.

Водата речиси целосно го поплави вториот кат, целосно се уништени седум училници, над 70 компјутери, инвентар и друга опрема, а настрада и електричната инсталација.

Иако отворениот кров бил заштитен, водата од поројните дождови, но и снег проби низ училниците.

Во училиштето веќе трети ден наставата за 650 ученици се одржува онлајн,а во него во моментов се проценителите, кои треба да ја утврдат штетата. Директорот за Телма вели дека прават напори од понеделник на првиот кат да почнат со редовна настава.

Златков за директор е назначен пред една недела, не знае делови од договорот, ниту кој на фирмата наредил среде декември да го реконструира кровот. Кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов засега е воздржан, ја чека анализата за висината на штетата и чија е  одговорноста.

Од фирмата „Еврометал“ Виница задолжени за реконструкција на училишниот кров  велат дека покривањето ќе го завршат до недела, денеска  работат 15-ина работници.

„Реконструкцијата на кровот беше итна бидејќи беше во многу лоша состојба. Посебно на северната страна. Не верувам дека гредите дека ќе издржеа врнежи од снег. Постоеше опасност кровот да се урне. Но проблем има и со плочата која на делови е пропадната и по 20-ина сантиметри. Тврдам дека ги преземавме сите мерки на заштита согласно стандардите“, велат од компанијата „Еврометал“.

Договорот меѓу виничката фирма и кочанското средно училиште е потпишан на 3 ноември,  потписот на него гоставиле од претходното раководство на училиштето.

Вреден е речиси 100.000 евра, а рокот за извршување на рабоатата е четири месеци.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе