Вести Ковид19

14 жртви и 326 новозаразени со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на КОВИД-19. Евидентирани сe 242 оздравени пациенти, а починати се осум лица, информира Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои три починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), две починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Од Министерството додаваат дека, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително шест лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе