Култура

Промоција на книгата „ Уште музика, уште муабети“ , од Ненад Георгиевски

Промоција на најновата книга на музичкиот новинар Ненад Георгиевски, насловена „Уште музика, уште муабети“ , што ја објави издавачката куќа „Полица“, ќе се одржи денеска во клубот „ Глуво Куче“.

Книгата вклучува 70 интервјуа, кои Георгиевски ги направил во последниве две децении , а некои од нив до сега не ги објавил. Таа е поделена во повеќе поглавја,  што потекнуваат од средбите на Ненад Георгиевски со истакнати претставници од класичната и современата музика, од различни жанрови. Меѓу нив се: Филип Глас, Макс Рихтер, Олафур Арналдс, Мориконе, Симон Трпчески, групата Dead Can Dance, Анушка Шанкар,  Гоце Стевковски, Џек Деџонет, Рон Картер… Но, има разговори и со фотографи како Жига Коритник, Бил Вајман -Ролинг Стоунси, и со новинари кои воедно се и автори, меѓу кои се: Алан Лајт, Бред Толински и Тошо Филиповски.
Ова е трета по ред книга со интервјуа на новинарот Ненад Георгиевски.

Промотор на книгата ќе биде Милан Дамјаноски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе