Ракомет Спорт

Бабиќ: Титулата нема да се реши на утрешното дерби со Вардар

Првенството нема да биде решено утре во Битола, смета тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната, но битолчани ќе дадат се’ од себе да дојдат до победа на вечното дерби.

Ова е само дел разговорот на Бабиќ со колешката Јана Серафимова, а целосното интервју ќе можете да го гледате во сабота во емисијата „Ферплеј“ со почеток од 19:15 часот.

Јас лично, мислам дека првенството нема да заврши со натпреварот во кој победил Е. Пелистер или Вардар, затоа што постои плеј-оф и постојат уште многу многу натпревари кои треба да се одиграат.

Искуството низ историјата не учи дека првенствата се добиваат или губат дури и во последното или претпоследното коло. Така ќе биде и овде. Многу е тешко да кажам и би било несериозно било кој да прогнозира како ќе заврши овој натпревар. Тоа е дерби и навистина не би имало никаков смисол да се прогнозира било што.

Она што е важно за мене како тренер и за мојот клуб, за моите играчи е дека ние сме подготвени да дадеме сè што имаме. Значи, ние имаме наши проблеми, имаме повреди во тимот….но, имаме и одлична атмосфера, имаме и добра форма, имаме одлични резултати.  Нештата се движат во нагорна линија.

Значи имаме сè што содржи еден клуб, и проблеми и добри страни. Она што ми е мене важно како тренер е во двете важни вредности кои ние ги имаме како клуб и се поврзани со овој натпревар а тоа се: дисциплираноста и ангажираноста , во тоа противникот не смее да не победи“, изјави Бабиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе