Македонија

Големи одрони во Штип и неговата околина по обилните врнежи и поплавите

Одрон од голема карпа ја затвори пешачката патека покрај реката Брегалница. Околу 150 кубни метри камења се свлечени и за среќа карпата се урнала синоќа по 22 часот кога на патеката нема никој, но жителите од блиските куќи велат дека слушнале кога одронот се случил.

Причина за одронот се обилните врнежи од дожд и снег. 30 метарската карпа ќе остане овде се додека геолозите не дадат одобрение за нејзини тргање, а процесот го отежнува и легендарниот тунел, кој води кон тврдината Исар.

Обилните врнежи од дожд и снег на неколку места на истокот предизвикаа ерозија, но и поткопување на мостови. Штипјанецот  Киро Маџунаров, кој речиси 30  години го мери нивото на  Брегалница и врнежите од дожд вели дека генерално годинава е сушна, но  од октомври досега наврнало повеќе дожд отколку во сите други месеци од годината заедно.

Истокот два дена живееше во страв од зголемениот водостојот на реката Брегалница, а врнежите предизвикаа и одрони на патот кон Делчево, по кој треба внимателно да се вози во текот на овој период од годината.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе