Македонија Најважни

Заев и Петков со план до јануари да се знаат новите работни групи за преговори 

Едниот на заминување, другиот на доаѓање, македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот Кирил Петков си ветија дека ќе се ја забрзаат комуникацијата меѓу Македонија и Бугарија за побрз старт на пристапните преговори со Европската унија. Поводот за телефонскиот разговор била честитката од Заев до Петков за негово преземање на највисоката извршна власт во Софија , но искористена како, можеби, еден од последните обиди на Заев, како премиер, директно да се обиде да ја убиди официјална Софија да го крене ветото за земјава во Унијата.

Во разговорот изразивме подготвеност да ја забрзаме нашата комуникација и соработка низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата и други области од интерес на македонските и на бугарските граѓани, напиша Заев на фејсбук објавувајќи ја информаицјата за телефонскиот разговор со Петков.

Договорот за формирање на работни групи денеска го потврди и лично Петков, но со повеќе детали околу реализацијата.

Идејата за работните групи ќе биде структуирана во најкраток рок. Се надевам на почетокот од јануари да имаме јасен план кои се работните групи, вклучително тоа што го разговаравме утринава, да вклучува култура, инфраструктура, да вклучува економија, како дополнување на таа за историјата. И да направиме план за работа уште во текот на јануари. Овие работни групи да имаат реални резултати кои треба да ги постигнат, изјави Петков.

Петков пак во разговор за „Фајненшал тајмс“ даде и временски рок за придвижување на работите со Македонија од шест месеци. Сепак Петков притоа не пропушта да каже дека некои жешки теми меѓу двете земји ќе останат на маса, пред се на барање на коалицискиот партнер „Има таков народ“, од чии редови е и новата шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.

На пример, во мекедонските учебници Бугарија не треба да биде нарекувана фашистичка, вели Петков.

И додека новата влада во Бугарија се подготвува за шестмесечен пробив на прашањето со Македонија, на Европскиот совет в четврток бугарското вето кон земјава ќе го брани старо-новиот бугарски претседател Румен Радев. Од Германија пак со новата министерка за Европа, Ана Лирман, стигна старата порака од официјален Берлин – Македонија и Албанија што поскоро да ги почнат прегвоорите со Унијата.

Многу сум задоволна од вестите од Бугарија дека сега се отворени за разговор за да се продолжи дијалогот со Македонија, изјави Лирман.

Претседавачот Словенија денеска изрази надеж дека заклучоците во делот на проширувањето на Унијата ќе бидат усвоени од страна на Советот иако постои голема можност поради противењето на Бугарија тоа и овојпат да не се случи.  Она што е поизвесно е дека и доколку и овојпат Бугарија не го крене ветото, сепак нема да има развојување на пакетот Македонија – Албанија за старт на прегворите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе