Вести Македонија

Една изборна единица, без изборен праг да биде владин приоритет барат малите партии

Малите партии не сакаат да бидат приврзок на големите. Барат измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат најдоцна до 15 јануари. Една изборна единица , пропорционален модел  и без изборен праг се дел од барањата кои  треба да бидат владин приоритет.

Со ова ќе се демонтира монополот на партиите кои 30 години владеат во државата и ќе се создадат услови за системски промени, вели Павле Трајанов.

Барањата не се сметаат за притисок во услови кога претстојат преговори за нова Влада.

Поддршка за изборни реформи ќе се бара од сите пратенички групи и независни пратеници.СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ начелно го поддржуваат предлогот но инсистираат на консензус.

Иако се формирани работни групи, договор за измени на Изборниот законик се уште нема.`

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе