Вести Македонија Топ вести

Муслиу: Очекуваме и кадровски промени не само промени на политиките кои ги најави Мицковски

Втор мандат за како што најави „втора епоха“ за нов општествен договор за обединување. Христијан Мицковски ја доби довербата за наредните 4 години и понуди обемна литература на 17 –от партиски конгрес која повеќе звучи како предизборна програма, но не ја искористи синоќешната можност да понуди и нов кадри во највисоките партиски тела, оценува политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Освен промените во две партиски комисии: статутарната и финансиската кои добија мандати од делегатите, Мицковски во „втората епоха“ поддршка и помош ќе бара од сите граѓани во општеството.

Доктрината, која Мицкоски вели е двоглед кон иднината, е дело на Трајко Славески,  Рашела Мизрахи, Марјан Ѓорчев, Илија Димовски и други експерти од повеќе области.

Нејзината содржина ја пофалија партиските функционери, но внимателно ќе се следи од граѓаните , и експертската јавност.

Ќе се преточат ли свечените зборови за обединување во дела ќе покаже времето, порачува Муслиу со оглед дека ден по партиските конгреси пордолжија меѓусебните обвинувања и критики, а изостанаа и взаемните честиките за старо- новите партиски претседатели.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе