Вести Македонија Топ вести

Три дена без струја-над 300 жители на 14 села во Поречје мора да живеат под свеќи поради дефект на мрежата

-Станува збор за повозрасни жители, патиштата се исчистени, но сега дополнително ги чистевме повисоките места за да може да се патува и со обични возила и патнички автомобили. Досега на повисоките места се стигаше само со теренски возила, ни изјави телефонски Жарко Ристески, градоначалник на Македоннски Брод.

Во Самоков е отколонет дефектот и функционира и основното училиште со редона настава. Има училиште и во селото Косово, но таму нема струја. Жителите имаат најголем проблем со полнење на мобилните телефони за комуникација со своите семејства, објаснува Ристески.

-Екипи на ЕВН се на терен, но најверојатно од обилните снежни врнежи има повеќе дефекти на мрежата. Но сепак, луѓето веќе трет ден се без струја, ни рече градоначалникот на Македонски Брод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе