Поради грешката за време на жрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите, УЕФА донесе одлука таа да се повтори и новите двојки ќе се одредат во 15 часот.
Причината за поништувањето е моментот кога на Вилјареал за противник му беше одреден Манчестер Јунајтед, тим со кој заедно настапија во фазата по групи од елитното натпреваување што е спротивно на правилата.
Иако се чини дека извлекувањето требаше да се повтори, жрепката продолжи и жрепката одреди шпанскиот клуб да се соочи со Манчестер Сити.
Но, тоа не беше се за време на скандалозното извлекување на двојките. Кога се бараше противник за мадридски Атлетико во садовите ја немаше топката со името на Манчестер Јунајтед што е дополнителна причина за поништување.
“По техничкиот проблем со софтверот на надворешниот соработник кои ги известува службените лица кој клуб со кој противник може да се сретне направена е материјална грешка и по што се донесе одлука за повторување на жрепката”, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.