Вести Македонија Најважни

Својата министерска судбина, Спасовски ја остава во рацете на новиот претседател на СДСМ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, при денешната посета на Пробиштип, рече дека новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој наедно треба да биде и премиер на новата Влада, ќе одлучи дали тој и понатаму ќе го води својот ресор.

– Ова не е прашање за мене, туку за мандатарот , кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, рече Спасовски, како одговор на новинарско прашање.

Актуелниот заменик-министер за финансии Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ.  Беше обезбедено ново парламентарно мнозинство, а планот на веќе поранешен партиски лидер Зоран Заев е Ковачевски да го замени како премиер на земјата.

Спасовски е министер за внатрешни работи во вкупно 4 наврати, двапати беше технички министер во влада која организираше избори, потоа беше избран како министер во првата влада на Заев, паузираше за време на техничкиот перидо кога беше претседател на влада наместо Заев, а по ланските избори повторно е избран за министер за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе