Вести Македонија Најважни

Мицкоски старо-нов лидер со нова политика и концепт за заедништво, Македонија економски да ја стаса Австрија

Спортска сала „Јане Сандански“. 17 –ти конгрес на ВМРО – ДПМНЕ. Еден кандидат за претседател и 489 делегатски гласови „ЗА“. Христијан Мицкоски ќе ја води партијата и во наредните 4 години. Паритскиот мандат го доби под мотото „Нова генерација за нова иднина“, најави нова доктрина и кадровски освежувања, а обраќањето го започна со порака за обединување и заедништво.

Претходниот манадат го потрошил на реформи и стабилизација а од денеска ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на освојување на власта. Затоа Мицкоски повика на обединување во како што на ја нарече втората епоха. Првиот предизвик ќе биде економијата, и стремеж да се стаса Австрија порача Мицкоски од партискиот пулт.

Мицкоски час претходно порача дека на земјата и требаат брзи предвремени парламентарни избори, бидејчи спроед него тоне во здравствена, економска и енергетска криза, а истите забелешки им ги предочи и на делегатите кои,пак, денеска совен претседател избраа и членови на статутрната комсија, но и членови кои ќе работат со финансиите на партијата. Конгресот беше искористен да се усвои и политичката доктрина, документ на 3о- тина страници со 17 теми од социјала, спорт, земјоделие и економија според кој партијата во иднина ќе делува. Автори се Илија Димовски, Влатко Ѓорчев и Рашела Мизрахи. Старо новиот избраник на ВМРО- ДПМНЕ го птоврди вториот мандат, откако пред четири години ја доби поддршката на сопартијците на конгресот во Валандово и на кормилото го замени 2-риот партиски претседател и поранешен премиер, Никола Груевски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нема повеќе граница меѓу Гибралтар и Шпанија – потпишан историски договор со Брисел

Sasko Dimovski

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе