Вести Македонија

Врнежите престанаа, Брегалница полека се враќа во своето корито

Обилните дождови кои го зафатија Пијанечкиот регион, попладнево го намалија интензитетот и полека се смируваат. Водата од надојдената река Бреаглница која се излеа од своето корито полека почна да се повлекува и да се враќа, јавуваат граѓаните.

Реката се излеа синоќа во три часот, по што брзо го поплавила кејот, но засега нема други штети.

Од Водстопанство Брегалница велат дека  состојбата е стабилна со браната Калиманци, иако има голем доток на вода. Во браната се акумулирани 50 милиони метри кубни, а вкупниот капацитет е околу 120 милиони. Блиску до прелив е браната Гратче, но не се очекуваат проблеми. Дождот предизвика излевање на реката Зрновка и одводен канал во Спанчево, но нема пријавени штети, а екипи на Водостопанство се на терен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе