ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје го одржува 17. Конгрес на партијата на кого за претседател на партијата ќе биде реизбран единствениот кандидат Христијан Мицкоски.
Од партијата најавуваат кадровско освежување, но новите имиња на јавноста ќе и бидат познати денеска по изборот.
Потпретседателот на партијата, Александар Николовски вели дека новата доктрината ќе ги опфати сите општествени сегменти, таа е патоказот по кој што ќе се води ВМРО-ДПМНЕ до победата на следните избори
Во спортската сала Јане Сандански е Павле Беловски.
