Претседателот Стево Пендаровски преку својот официјален фејсбук објави дека денеска ја примил третата доза од анти-корона вакцината.
-Денеска, заедно со вработените во Кабинетот на претседателот ја примивме третата доза вакцина. Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите, напиша Пендаровски.
Претседателот ја пренесе и пораката на лекарите дека масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбеден начин за справување со Ковид 19.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.