Македонија Најважни

Ивановска ДКСК: Доколку Уставен суд не ја објасни одлуката останува сомнежот за корупција за фирмата „Бехтел – Енка“

Откако вчера Уставниот суд одлучи да не поведе постапка и да не го оценува законот со кој ќе се градат автопати од коридорот 8 и 10, а првиот вицепремир им честиташе на уставните судии, поднесувачите на иницијативата вознемирени бараат образложување од судиите.

Останува сомнежот за корупција, порача претседателката на антикорупицска Билјана Ивановска, откако Собранието претходно по скратена постапка донесе закон, со кој е утврдено конзорциумот „Бехтел-Енка“ да ја изгради три автопати без тендер.

Владата нема замерки и ќе извршува што пишува во законот. Се одлучиле за директна спогодба, а не за тендер бидејќи праксата покажала дека до сега на тендери се бирале фирми кои немале капацитет да ги спроведат, обајснува надлежниот министер Благој Бочвараски, според кого предлогот бил на пратениците и законското решение, пракса која пак за прв пат се применува.

Инаку, Собранието по скратена постапка донесе закон, со кој е утврдено американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ да ја изгради делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница на автопатот Прилеп – Битола.

Но, Државната антикорупциска комисија оцени дека со овој закон се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради автопатските делници, бидејќи не се предвидува тендерска постапка. Одговорот кој изостанаа од оваа идна зделка е колку пари ќе ја чинат државата коридорите 8 и 10.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе