Големиот број на фудбалери инфицирани со корона вирусот беше причината поради која УЕФА го одложи денешниот натпревар на Тотенхем од Лигата на конференции против Лил, но поради истиот проблем со кој се соочи лондонскиот клуб одложен е и мечот од Премиер лигата со Брајтон.
Натпреварот беше на програмата в недела, но тој ќе се одигра во првиот следен слободен термин. Во Тотенхем позитивни на корона вирусот се вкупно 13 лица од кои осум фудбалери и пет члена на помошниот персонал.
ФОТО: Игор Паневски