Во пресрет на јануарскиот преоден рок и најавите за можни трансфери на одредени играчи, Институтот за фудбалски истражувања од Швајцарија ја објави листата на највредни фудбалери до 23 години.
На делба на првото место со проценета вредност на пазарот од 150 милиони евра се тројца играчи кои имаат 21 година, а станува збор за Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор и Фил Фоден.
Веднаш зад нив со вредност од десет милиони помалку е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, а идентична вредност на пазарот ја имаат уште Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и играчот на Барселона, Педри.
На 130 милиони евра е процент Џејдон Санчо додека магичната цифра од 100 милиони ја надминуваат уште Феран Торес , Жоао Феликс. Алфонсо Дејвис, Сержињо Дест, Рис Џејмс, Џад Билингам, Каи Хаверц и Букајо Сака.
За одбележување е и податокот дека во последниве месеци паѓа вредноста на Килијан Мбапе кој во моментов е проценет на 80 милиони што е скоро двојно помалку од пред една година.