Вести Македонија Најважни

Два ловци Ф-16 го официјализираа „air policing“ на НАТО на македонското небо

Вака денеска изгледаше приземјувањето на владиниот Лирџет на аеродромот Петровец со помош  на летачкиот радар на НАТО авионот АВАКС и два борбени авиони Ф-16 на грчкото воздухопловство кои беа дел од вежбата за заштита на македонското небо од страна на НАТО. Вежбата значеше и официјално почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја, со што Македонија и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање.

„Од денеска да можеме да кажеме дека безбедноста на нашето небо е дел од НАТО безбедноста“, рече министерката Шекеринска.

Ф-16 кои го надлетаа Скопје на 500 метри висина, полетаа од Грција и за 10-на минути веќе беа над главниот град на земјава пресретнувајќи го Лирџетот по што слетаа на аеродромот Перовец каде веќе беше паркиран АВАКС-от. Авионите на НАТО предизвикаа голема љубопитност кај присутните гости. Некои од нив и седнаа на пилотското место во грчкиот ловец, додека од НАТО безбедноси причини АВАКС-от остана недостапен за нив и можеше да се гледа само од дистанца.

Инаку Македонија пред помалку од еден месец го потпиша техничкиот аранжман за контрола на воздушниот простор над земјава од страна на НАТО, а Грција е земјата-членка која во рамки на тоа ќе патролира по македонското небо.

„НАТО воздухопловното патролирање е клучен дел од колективната одбрана, што служи како столб на Алијансата и овозможува подеднаков стандард на обезбедување на небото на секоја од земјите – членки. И ги обезбедува члнеките 24/7“, изјави Де Ла Круз Каравака.

Грчката авијација и досега го штитеше македонското небо во рамки на билатералниот договор меѓу Скопје и Атина потпишан во 2019, а кој почна да се спроведува една година потоа, по влезот на земјава во НАТО.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе