Вести Македонија

До германска виза преку лотарија. Каква е новата процедура?

– Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Анке Холштајн на Фејсбук.

Таа најави дека Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

Со германската „Регулатива за Западен Балкан“ од први јануари 2021-ва.за државјани од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, се ововозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација.

Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување. Законски можни се до 25.000 согласности за една календарска година. Ова приближно одговара на бројката на издадени визи од оваа категорија во 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе