Топ тема

Русковска за Топ Тема: Не смееме да ги мешаме правото и политиката

Не смееме правото и политиката да ги мешаме. Поготово што овие кривични дела за кои се водеа постапките не спаѓаат во кривичнитe дела против човечноста и меѓународното право. Нема никаква законска основа да се бара повторување или меѓународна ревизија за овие кривични дела.

Вака обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ги искоментира во интервјуто за Топ Тема на Телма, најавите дека дел од договорот со кој Алтернатива влезе во владата бил и меѓународниот мониторинг на повеќе судски процеси, како “Монструм” , “Диво Насеље” и други.

Според неа, особено е спорна одлуката за предметот “Диво Насеље” , кој се уште е во Врховен Суд. Со тоа , според Русковска се врши политичко влијание врз одлуката на Врховниот Суд што треба да биде донесена.

“Најпрофесионално, судиите на Врховен Суд да сметаат дека предметот треба да се укине и да се врати на повторно судење, не јас како обвинител, туку сите ние како јавност нема да поверуваме во тоа. Сите ќе бидеме, со право убедени, дека судиите подпаднале под некој политички притисок.” – вели шефицата на одделот во обвинителството за организиран криминал и корупција.

А што е со семејствата на починатите? И во случајот на убиените припадници на единицата “Алфи”, убиените на Смилковско езеро, 8 погинати полицајци и 43 или 47 ранети кои многу и со трајни последици. Што е со нив? Колку пати треба да се копа по раните на семејствата и на оштетените? Сметам дека е ова недозволиво, подвлече Русковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: Ќе паѓаат ли каматните стапки на кредитите за домаќинствата и компаниите?

Дејан Дејан

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Дејан Дејан

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе