Ги регистрирале и останатите минувања без соодветна лиценца но изостана одговорот дали во царинската управа ќе се санкцинираат и други вработени. Иако минал 135 пати на граница за 11 месеци без лиценца, царинската управа засега отвори дисциплински постапки против двајца вработени и еден раководител дека сториле пропуст и го пропуштиле автобусот на „Беса Транс“ на последното минување.
Славица Кутиров, директорката на царинската управа соочена со прашањата за одговорноста кај цариниците на денешната дебата за спречување корупција во транспортот ги избегна одговорите на медиумите, антикорупционерите, правниците и превозниците.
Сивата економија во транспортот цвета а според сознанијата на превозниците 168 возила превезуваат патници без ниту еден документ.
Дека службите за контрола потфрлиле укажа и Лефтер Андонов од „Македонија Сообраќај“ кој тврди дека и владата и инспекторатот добиле список со дивите превозници а не успеале да ги отстранат од сообраќај.
Нерегистрираните превозници на патници на улица се резминуваст со инспекторите.
Или некој им јавува одвнатре реагира Андонов или, пак, не се исклучува можноста за корумпираност кај поединци вели Руфат Хусеини, директорот на надлежниот инспекторат.
Според доскорешниот судија Владимир Туфегџиќ овие луѓе одлични ги познаваат законите и дупките како да поминат со прекршочни казни.
И превозниците и надлежното министерство се согласни дека е потребно да се менуваат законите, но и да бидат подобрени а најважно е да се почитуваат. Контролата, инспекциите и надзорот сеуште се избегнуваат со подароци, но и поткуп, особено при вадењето лиценци и дозволи потврдија од МВР на денешната дебата за борба против корупцијата во транспортот.
Павле Беловски