Вести Наука и здравје

Научници велат дека под глечерите има смртоносни вируси

Научниците открија дека почвите кои настанале како резултат на топењето на глечерите како резултат на глобалното затоплување, содржат штетни бактерии и вируси.

Овие микроорганизми, кои предизвикуваат оживување на болести скриени во глечерите, може да бидат отпорни на антибиотици.

Според истражувањата, некои микроби на Арктикот, користејќи минерали како извор на енергија со векови, можеле да преживеат во вечниот мраз долго време на многу ниски температури со малку храна.

Научниот свет не може да открие кои бактерии се наоѓаат под замрзнатата почва.

Се наведува дека бактериите кои се туѓи за денешниот имунолошки систем можат да покажат отпорност на антибиотици и да предизвикаат смртоносни болести.

На Јужниот пол, пак, ризикот од пронаоѓање на штетни бактерии е помал бидејќи Антарктикот, кој се состои од ледена покривка, содржи помалку земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе