Вести Македонија Топ вести

Горивата поевтинуваат – Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 % во однос на Одлуката од 29.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Од 07.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС – 95          71,00  (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС – 98          73,00 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    63,00 (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)       62,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                          38,527 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896%, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе