Со европските партнери работиме за брза евроинтеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава.
Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски и треба да имате столче на масата на ЕУ, рече тој на прес- конференцијата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, кој рече дека не губи надеж за отпочување на преговори со ЕУ во декември.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.